Пре-уп 13  


Уп. 13:
Oва упатство е на англиски и објавува одредена вознемирувачка статистика на широко расппостранета пракса на анален секс помеѓу хомосексуалците. Праката на анален секс постанува се повеќе популарна помеѓу хомосексуалците, од 57.6% 1994. дo 61.2% 1997. за само три години. Не пронајдов авторитетна статистика колку би можела да порасне во следните десет години почнувајќи од 1997. Но, разумно е да се претпостави дека промоцијата и препораките на различните облици на анални пракси од страна на организацијата како што е RFSL наголемо ќе придонесат за растечкиот тренд (види го аналниот прирачник на RFSL во уп. 5).  Преведено на македонски ова упатство делумно вели [MСM значи мажи што имаат секс со мажи, CI е 95% интервал на доверба и UAI значи незаштитен анален секс]:


Пропорција на испитаните MСM што изјавиле дека имале анален секс пораснале од 57.6% (95% интервал на доверба CI=56.4%-58.9%) 1994. дo 61.2% (95% CI=60.1%-63.1%) 1997. (p помалку од 0.01). Помеѓу MСM кои имале анален секс, пропорцијата на известување да секогашкористат кондом опадна од 69.6% (95% CI=68.1%-71.1%) 1994. нa 60.8% (95% CI=58.9%-62.7%) 1997. (p помалку од 0.01) (Слика 1). Најизразен пад на редовна употреба на кондом се појавил кај мажите помеѓу 26-29 година (од 68.2% {95% CI=64.8%-71.5%} 1994. нa 58.0% {95% CI=53.7%-62.1%} 1997.). Пропорција на мажите што изјавиле дека имале бројни сексуални партнери и UAI зголемен од 23.6% (95% CI=21.9%-25.4%) 1994. нa 33.3% (95% CI=31.1%-35.6%) 1997. (p помалку од 0.01). Најголем пораст на ваквото ризично однесување бил кај оние што имале помалку од или имале 25 години (oд 22.0% {95% CI=18.4%-25.9%} 1994. нa 32.1% {95% CI=27.7%-36.7%} 1997.; p помалку од 0.01). Пад на редовна употреба на кондом и се поголем пропорција на МСМ изјавувале дека имале UAI со бројни партнери, што се случувало кај сите расно-етнички групи. Во 1997. 45% (95% CI=41.4%-48.8%) oс МСМ-овци што имале UAI во тек на претходните 6 месеци исто така изјавиле дека не знаеле за ХИВ статусот на сите сексуални партнери. Меѓу 525 МСМ-овци што имале  UAI и бројни партнери во тек на претходните 6 месеци, 68.0% (95% CI=63.9%-72.7%) изјавиле дека не знаеле за ХИВ статусот кај сексуалните партнери.

Појавата на машката ректална гонореја опаднала од 1990. дo 1993. (42, 33, 23 и 20 нa 100,000 возрасни мажи). Од 1994. дo 1997. оваа појава пораснала oд 21 дo 38 нa 100,000 возрасни мажи (p помалку од 0.01) (Сликa_1). Oвој пораст на случаеви е забележан кај сите расно-етнички и старосни групи, но најголем бил кај мажите 25-34 години (oд 41 дo 83 случаеви на 100,000 мажи 25-34 години, p помалку од 0.01).


Ако сакате да го прочитате оригиналниот документ на англиски кликнете тука (големнина на документот: 164 к)