Пре-уп 49  


Уп. 49:
Oва упатство е на страна 21 од изданието август - октомври 2006. на магазинот Gyro. Содржи споредбени колумни на две различни толкувања на Библијата во врска со прифаќањето на хомосексуалниот начин на живот кај христијаните. Преведено на македонски вели (делумно):  


ПРОТИВ
Три тескта во Новиот Завет зборуваат негативно за хомосексуалните односи (Рим.1:26-27; 1 Кор.6:9-10 и 1 Tим.1:10). Oпишани се како последица на човековото свртување од Бог и поредокот на создавање и дека личноста која сака да го наследи Царството Божјо не смее да живее активно хомосексуално. Законите кои упоравуваат со светоста во Левитскиот закон 18:22 помеѓу останатите работи забранува хомосексуални чинови……

ЗА
Кога Павле пишува за „неприродното“ во Римјаните 1:26-27 и за блудничењето во 1 Kор. 6:9-10, според едно толкување, се смета дека тој зборува за состојба која преовладува каде постарите мажи секслуано злоставувале млади момчиња. Тука се работи за хомосексуална проституција, а не за хомосексуални односи. Едно толкување е дека приказните во Дела 10-11 се модел како да се прошират границите на христианските заедништва со Духот Божји што се излева на оние што се сметани за нечисти до тогаш. Аргументот вели дека хомосексуалните христијани на нашето време одговараат на прифаќањето на поганските христијани во Библијата. Ако не сме во состојба да ги следиме законите што се однесуваат на хомосексуалноста во Стариот Завето, тогаш исто така мораме да ги забраниме тетовирањата и да захтеваме образание. Павле пишува во 1 Кор. 11:14 ‘Нели не учи и самата природа дека е срамота за маж ако ја расте косата?...’ Овој текст во Писмото, мноштво луѓе предлагаат, е пример како Павле влијаел на општеството во свое време и дека не е нешто што мора да го имаме и денес. Истото може да се примени и на хомосексуалност.


Битно е да се забележи дека ништо во колумната не предлага кое толкување е точно (библиско) толкување. Ништо во ова издание на Gyro не говори за тоа кој начин на живот е христијански начин на живот. Дури ниту кој начин на живот е пожелен.              
(
Забелешка: Ова е слика и веројатно ќе морате да ја зголемите ако сакате да прочитате што пишува.) 

Ако сакате да го прочитате оригиналниот документ на шведски кликнете тука (големнина на документот: 1.5 MB).