Пре-уп 50  


Уп. 50:
Oва упатство е од страна 14 од изданието август – октомври 2006. на Gyro. Ова е колумна насловена "Bög-Stefan", a сликата од Stefan е на следната страна. Тој е момче и има 18 години. Заради дискреција одлучив да не ја покажувам неговата слика.  

(Забелешка: Изразот “Bög-Stefan” најчесто се преведувал како Педерот-Stefan”, но во последните неколку десетлетија хомосексуалците во Шведска почнале да го користат називот “bög” за себе и тој израз веќе нема негативно значење во Шведска). 

Преведено на македонски колумната вели (делумно):  


Stefan, 18 години, постанал хомосексуалец во исто време кога се приклучил на црквата. За него Бог му е искрена поддршка.
"M
ојот омилен цитат во Библијата е – a најголема од овие е љубовта’", вели тој.

Автобусот закочил и запрел на автобуската станица надвор од Malmö. Stefan Hansen наеднаш пребледел. Еден од неговите мачител од средното училиште, оној што би викал "bög" по Stefan четири години, влегол во автобусот. Седнал на празното место баш зад него.   
"
Беше ист како и во средното училиште. Одлучив да му опростам", вели Stefan. 

Лежевме на стомак помеѓу белите цвеќиња во летниот зелен парк на Malmö. Разговараме за животот и љубовта, чувство кое за многуима може да биде тешко но можеби најтешко за личностите што се борат со тоа во кој пол да се заљубат.  

Зa 18. годишниот Stefan ова беше време исполнето со агонија кога открил дека му се допаѓаат мажи. Со години му се вртела таа мисла во главата. Во осмо одделение за своите врсници во класот тој бил хомосексуалец. 
"
Мислам дека е тешко тоа што не можам сам да ја изберам мојата ориентација и многу размислувам за тоа како нема да бидем во состојба да живеам со нормален живот во срцето на семејството со можност за добивање на деца. Се чувствувам многу осамен кога го спознав тоа ….."


Stefan продолжува понатаму да зборува за комфорот што го нашол во црквата и потврдувањата што ги примил таму. Не можете да си помогнете да не заплачете кога ќе сватите дека никој не му помогнал на Stefan во тие чувствителни години, кога му требала помош да го потврди неговиот машки идентитет. Наместо да го прифатат многу момчиња го отфрлиле. Искуството на Stefan е толку трагично што нашиот непријател константно го користи како би ги убедил луѓето на погрешно и зло решение. Наместо давање на совети и помош на Stefan во врска со неговиот идентитет црквата го потврдува во неговиот нездрав начин на живеење, испраќајќи го на пат во животот, што ќе му донесе гадни неволји во иднината. 

Ако сакате да го прочитате оригиналниот документ на шведски кликнете тука (големнина на документот: 2.4 MB)

(Забелешка: Ова е слика и веројатно ќе морате да ја зголемите да причитате што пишува.)