Пре-уп 52  


Уп. 52:
Oва упатство е на веб-страната Bridge Builders Christian Church (мк.: Градители на мостови христијанска црква) (шв.: Brobyggarna Kristen Församling) во ГетеборгОригиналната колумна е издадена во The Gothenburg Post на 2. јануари, 2002. Колумната дискутира некои зачудувачки изјави на надбискупот на шведската црква (шв.: Svenska Kyrkan). 

Преведена на македонски колумната вели (делумно):  


НЕХРИСТИЈАНСКИ НАДБИСКУП

Зарем Исус не го родила млада чесна жена, девица Марија? Зарем тоа не се случило во штала во Витлеем? Зарем тоа не се случило за време на пописот кога Исус и Марија отишле таму? Зарем мудреците не дошле од Исток, водени од ѕвезда, да му се поклонат на Царот на Евреите?

Ако му веруваме на надбискупот K.G. Hammar и неговите ’Божиќни мислинa ТВ1 нa Бадник, нe можеме да бидеме сигурни денес ниту за една од овие работи. Не сакаме да му веруваме на Божиќното евангелиешто го презентирал дека е  

  • Говорот за безгрешното раѓање изразува стремеж на човештвото, посебно на Евреите, да се поврзат со Бог.
  • Вниманието усмерено на Исусовото раѓање треба да се свати од перспектива на она време под римска окупација.
  • Исус не бил единствениотсинПсалмистите го опишуваат еврејскиот цар како син Божји. Тоа што Исус е наречен така има врска со неговите квалификации, а не со вистинските боженствени препознавања.  
  • Посетата на мудреците од Исток е само израз на стремежот на човештвото за Бог, а не историски факт.

Кога претставник на теологијата и цкрвата ги негира автентичноста на историските факти, што ни ги оставиле очевидци, апостоли, тогаш сведоштвата од световни не засипуваат. Британските астрономи David Clark, John Parkinson и Richard Stephenson откриле, додека пред неколку години ги прочешлувале сите астрономски историски документи на светот од 10. год. пр. Христос и 13. год. по. Христос во записите на астрономските набљудувања во Кина и Кореа, информацијата за чуднатановашто се појавила во космосот над Средниот Исток околу 4. год. пр. Христос, со други зборови во време на Христовото раѓање.

За жал, изјавите на надбискупот не се случајност во неговата должност. Токму спротивно. Тоа е само еден дел од поголемата слика што ја претставила во својата книга минатата година: ‘Ecce Homo-Jesus after two thousand years’ (Ecce Homo – Исус после две илијади години). Во книгата во суштина ги отфрла авторитативните извори на историските настани од кои се родила нашата христијанска вера. Ниту една информација од она што рекол Исус и направил не е сватена дословно и сериозно.

Ова неприфаќање на автентичноста на библиските записи надбискупот ги изјавува за време кога познатиот шведски библиски истражувачкористејќи секуларни начини на истражувањего покажал токму спротивното, имено веродостојноста на библиските записи. (Види ја тезата на пензионираниот професор Birger Gerhardsson  ‘Memory and Manuscript’ (Сеќавање и манускрипт), 1961).

Фактот дека надбискупот самиот го негира ова прави да тоа биде потешко прифатливо. Префиксот на неговата титула (те. ’Arch’ во Archbishop (‘надво надбискуп) претпоставува дека тој, повеќе од било која личност, и требало да ја чува (episkopos) чистотата на верата и незастранетото проповедање на евангелието.

Напишал: Samuel Svensson, Пентекостален пастор и кандидат за докторат од новозаветна егзегеза (Библиски истражувач кој ги објаснува библиските книги).


Ако сакате да го прочитате оригиналниот документ на шведски кликнете тука (големнина на документот: 64 к)