Бр. 6
Одговор од религиозните групи на налетот на
хомоесексуалноста

 

Како би сватлие зожто толку спектакуларниот успен на хомолобите во Шведска е неочекуван, прво мораме да ја погледнеме бегло шведската историја во последните 150 години

Со посебна цел за дискусија, историја на нашата земја во последните век и половина е поделена на три периоди: 

1. Сиромаштво и морална расипаност (oколу 1800-1883)
За време на двториот дел од 19. нашата земја беше преплавена од сиромаштво и морална расипаност. Пијанство и зависност од алкохол нагло растеа. Во подолгата серија „Историјата на Шведска“, издадена од Bonnier во деветиот дел читаме: “Индустрија и популарни национални покретикако што следи (преведено од шведски): "Во првиот годишен извештај на навиото Шведско движење на отрезнување, пречесниот Wiselgren изјавил: 'Понекогаш земјоделецот полната плата ја прима во облик на ликер и се задолжува за одреден износ на пари што мора да го обработи во тек на целата година. Слугинките исто така повеќе сакаат да ја добиаваат својата плата во вид на ликер'."

2. Движења на отрезнување и христијанско пробудување (околу 1884-1960)
Ви систата книга читаме (дел 9 серијаИсторија на Шведска”):
1883.
движењето на Сини траки и 1884. Mеѓународниот ред на добрите витези отпочнале со работа. Иако поминувале низ бројни внатрешни подделби, тоа не можело да го спречи напреднувањето на движењето на отрезнување. Kарактеристика на овој период била силно христијанско влијаење …. 1909. Шведското движење за отрезнување, кој започнал со работа пред неколку години, организаирал референдум за општа забрана. Резултатите од гласањето јасно ни покажуваат колку јако било тоа движење во тао време. Вкупно 1,884,298 гласови, што одговарало на 56% од оние на кои им било дозволено да гласаат од вкупно 99% од сите гласачи, ја подржувале забраната. … 1917. таканаречениот ‘brattsystem’ бил воведен, што значело дека секој купувач на алкохол морал да користи книга за тоа како да го конзумира алкохолот (шведски “motbok”).

Резултатите од движењето за отрезнување и христијанските пробудувања биле огромни. Цели семејства излегувале од бедна состојба. Ентузијазмот бил заразен и сте можеле да чуете на секаде примери за животот „пред и после“. Нашата земја била избавена од сиромаштво и морална расипаност. Статистиките многу ни зборуваат за тоа. Продолжувам да цитирам од книгата „Историјата на Шведска“. “Oд 1861. дo 1865. просечната конзумација на алкохол (вклучувајќи ги возрасните и децата) била 10.7 литри по глава. Oд 1901. дo 1910. година спаднала на 7.2 литри по глава, a дo 1950. аa 5.2 литри ... Животите на активните членови се состојеле од многу состачења и собирања. Сето нивно слободно време било сконцентрирано на тоа … Kкако и со христијанските движење на пробудувања, цели градови и села се окарактеризирани по движењата на отрезнувања.”   

Постојат уште два фактори што потпомогнале во тоа, а не смеат да се заборават. На преминот во новиот век еден мал дел од земјата сеуште бил под доминација на земјоделството и така обработливиот дел од површината постанувал се помал и помал, зашто го запоседнувале нови генерации. Така иселувањето во Америка на некои 1.5 милиони на сиромашни Швеѓани (третина од вкупното становништво) го смалило притисокот. Исто така потпомогнала и индустријализацијата и факт е дека Шведска е богата со природни ресурси (т.е. јаглед и дрво), што додатно го засилил економскиот раст.  

3. Период на морален пад (околу 1960 до денес)
Око средината на минатиот век нашиот народ ги собирал плодовите од жетвата на големото трезнење и христијанските пробудувања. Кога зборуваме за христијанските пробудувања, новите Евангелски цркви биле полни со членови што се сакале и се грижиле едни за други потполно несебично. Мноштвото веруваа дека еден ден ќе бидат одговорни пред својот Создател за тоа како ги живееле своите животи. Евангелските покрети во нашата земја ја направија Шведска земја во Европа со најголем процент на „евангелски христијани“ (каде евангелски значи вера во Билијата како книга на која и се верува и како мапа патоказ за тоа како личноста треба да го живее животот на овој свет, а не само „света“ историјска книга).

Денеска состојбата е сосема поинаква. Во 2002. година е извршена анкета во 25 држави (уп.40), а поставеното прашање било:Дали верувате во Бог?” Најголем број на позитивни одговори бил во Португлаија, каде 92% од становништвото изјавило дека верува во Бога. Шведска била на дното на листата, каде само 32% од становништвото изјавиле вера во Бога. САД имале 84% (3. од врвот). Шведска била на дното на скалата и по прашањето: Дали верувате во пеколот?” Исто така била на дното по прашањето: „Дали посетувате црква барем еден пат месечно?” Шведска била на дното со 8% (САД 48%).

Но, дури и по „подигањето на нашето христијанско сидро“, како е можно дека промискуитетот воопште и содомијата посебно така брзо да ја нападнат нашата земја? Иако хомосексуалноста не е сметана за злочин од 1944. година, дури во 70 налетот на содомија добил полна брзина. Денес RFSL (најсилниот глас на хомосеклсуалците во нашата земја кој е подржуван со парите од оние кои го плаќаат својот данок) ги наговара нашите млади луѓе да експериментираат како би пронашле кој начин на сексуално изразување им е подраг. На нивната веб-страна пишува (уп.16):

Кој го зима кого? – За сексот и за вас кои сте млади и за останатите
Девојка сретнува згодно момче. Момчето сретнува друго момче. Момчето случајно ја сретнува девојката која штотуку била со друга девојка. Испробајте ја вашата сексуалност! Кој сте вие самите, што сакате да постанете и за што сте лубопитни. Светот е отворен и има многу работи кои треба да се пробаат и се е можно. Секако, жалите за оние работи што никогаш не сте ги пробале повеќе отколку за оние што сте ги пробале..”
(Крај на цитатот на веб-страната на RFSL.)

Ако ова не е јасен обид на хомосексуалното лоби да регрутира млади луѓе во своите редови, тогаш што е тоа? Како сето тоа можело да се случи и кој одговор го дава христијанската заедница? Mожеби разбирањето на основните фактори ќе биде знак на предупредување на другите земји.  

Безбожните сили на темнината почнале да владеат со христијаните во доцните 60. години. Тогаш нашата влада давала пари на оние деноминации што сакале да прифатат одредени услови. Од почеток условите изгледале бенигни, сепак многу гласови се појавиле во Слободна црква (шв. “Frikyrka”) дека не треба да се прифаќаат парите од државата (бидејќи тогаш би биле врзани), и бидејќи тоа би можело да има бројни последици во иднината. Сега тоа се покажа вистина. Денес околу 21 различна деноминација примаат милиони шведски круни од шведската влада. Имајќи во предвид дека многу цркви се мачат со парите во денешно време, прилозите што ги дава владата се многу значајни. Но, црквите денес на големо ги исполнуваат условите на владата. Од еден неодамнешен законски документи читаме:
"
Условите што деноминацијата треба да ги исполни за да би добивала парични донации од владата се да се поддржат и да се оснажат оние вредности на кои е изгредено нашето општество и деноминацијата да е стабилна". Проблем на црквите е тоа што вредности на кои нашето општество е изграденодрастично се променети во последните 30 години. Денес, комплетна толеранција и потполното прифаќање на она за кое Библијата изјавува дека е зло се врсушност тие вредности врз кои е изградено нашето општество. На пример да ја земеме деноминацијата Шведска мисиска асоцијација” (шв.: "Svenska Missionsförbundet" или "SMF"). На својата годиншна конференција во март 2002. година го освоиле предлогот секоја локална заедница да одлучи за себе дали сака или не да прифати пастор хомосексуалец. Ова небило доволно за Шведскиот парламент, која се плашил дека некоја локална SMF црква ќе биде против хомосексуалниот пастор, иако би овој по сите други критерии бил најквалифициран кандидат. Затоа владата иницирала истражување на савовите на SMF во врска со толеранцијата (или недостаток на толеранцијата) на хомосексуалците.

Во летото 2002. водството на SMF било повикано одОдделот за култураи морале да го објаснат својот став. После состанокот и дискусијата (на 08.07.2002.) водачот на SMF Krister Andersson изјавил дека е многу задоволен од резултатите на состанокот (уп.41). Во секој случај воопшто не е јасно каков договор постигнале. Но, она што е јасно е тоа дека SMF – воедно и другите деноминации што зависат од финансиската помош од владатане можат да направат дискириминација против хомосексуалците што би се инаку кавлификувале како пастори и ѓакони во своите цркви. Како и што се очекувало, водачот на SMF, Krister Andersson бил меѓу оние што го подржувале новиот закон според кој Åke Green бил осуден на затвор заради контроверзната проповед во врска со сексуалните гревови (уп.42). Во неделното писмо до своите верници напишал дека за време на своите 35 години служење како свештеник и 50 години слушање на проповеди никогаш не сретнал случај во кој било неопходно да се проповеда од оние делови на Писмото што се однесуваат на хомосексуалноста. Andersson претпоставува дека и останатите христијани имаат исто искуство. Појасно од тоа не можел да се изјасни. Зарем не зачудува тоа што SMF 2002. одлучил да ги отвори своите врати и да ги прима хомосексуалните свештеници во своите редови?

Но, Krister Andersson не е единствен таков свештеник. Тоа продрело длабоко во редовите во многу од нашите деноминации. Ако размислувате за оваа излитена состојба, можете подобро да разберете зошто следела остра критика од толку многу таканаречени христијани, кога Åke Green на 20.07.2003. проповедал проповед, чии што прв дел се однесувал исклучиво на библиското гледиште не само во врска со хомосексуалноста туку и со сите перверзии. (Вториот дел се однесувал на милоста и опростувањето кое Бог го нуди во Христос). Таква проповед пред тоа се нема слушнато во нашата земја. Пред многу години да, но во последно време нe.

Треба да се има на ум тоа дека еден од водечките свештеници на SMF неодамна бил избран како пастор на најголемата Пентекостна црква во Шведска, цркавата Filadelfia во Стокхолм.

Во протелта наредната година (11.03.2003.) "Ombudsman" (Омбудсман) за хомолобито, господинот Hans Ytterberg, организирал состанок со водачите на 21 деноминација, кои примаат парична надокнада од владата, и поучувал за ставот и полисата што мораат да ги имаат vis-à-vis хомолобито (уp.43). Ова била лута порака на демонимациите, кои историски се сметаат за слободни од владиното мешање во нивните доктрини. На следниот состанок со хомо-омбудсменот (Ytterberg), самата влада (наредниот ден) изјавила дека ќе направи истражување меѓу деноминациите за време на пролета за да увиди дали постои дискриминација на хомосексуалците (уп.44).

Како што е речено порано, хомолобито со итрина навлегло во Шведската црква (претходно тоа била Лутеранска државна црква). Мноштвото, но не и сите останати деноминации (често нарекувани „слободни цркви“, бидејќи влада немала контрола над нив) до сега немаат прифатено ниту свештеници ниту општо членство за оние што отворено изјавиле дека се хомосексулаци. Тие се на некој начин „слободна зона“. Не е ни чудо што оваа состојба не и е омилена на хомолобито.

Друг трагичен пример е Пентекосталниот покрет (шв.:”Pingströrelsen”). Oва деноминација беше најголема во нашата земја и многу „жива“ за време на своите години на напредување, oд 1910. дo 1960. Нејзин оснивач бил Lewi Pethrus и водач на најголема „слободна црква“ помеѓу 1910-1958. Умрел во септември 1974. Помеѓу многуте останати работи, оснивал и една политичка партија во Шведска, Христијанска демократска алијанса, денес Христијански демократи (шв: “Kristdemokraterna" или "KD" скратено). Pethrus исто така го започнал и двениот христијански весник наречен „Ден“ (шв: Dagen).

Ако Pethrus е жив денес, не би можел да ја препознае "Pingströrelsen". Денес неморалот се вовлекол во многу заедници. Помеѓу младите предбрачниот секс е вообичаена работа, а некои цркви отворено започнале да ја прифаќаат хомосексуалноста со раширени раце. Беше изненадување кога младинската организација на KD го избрале хомосексуалецот Eriс Slottner за својот водач.

Сепак, има уште неколку големи и неколку мали групи на евангелски и харизматски движења во Шведска. Тоа што го преставуваше Пентекостална деноминација (“Pingströrelsen”) – која сега зависи од државната финансиска поддршка – тоа денес станала Збор на животот (“Livets Ord”). “Збор на животот” – под водство на Ulf Ekman – не прима парична надокнада од нашата влада. Тие посебно им се обраќаат на младите луѓе.

Затоа и не не изненадува кога видовме дијаметрално различни реакции од водачите на „Пентекостното движење“ и водачите на „Збор на животот“ на сега веќе добро познатата проповед, што пасторот Åke Green ја испороповедал од проповедалната во малата Пентекостна црква во Borgholm на 20.07.2003. Наловот на проповедта била Дали хомосексуалноста е наследна или е тоа зла сила која се игра со умовите на луѓето?” Проповедта ги обработувала промискуитето и сексуалниот неморал од било која врста. Проповедта на Green била полна со цитати од Библијата. Причина за проповедта бил теретот пасторот Green го осетил за нашата земја и нашите млади луѓе кои немаат морален компас. Green беше осуден според новиот шведски закон - “подбуцнување на насилство против група на луѓекој дошол на сила во почетокот на 2003. – и кој забранува на било кој да „покаже непочитување“ или „навреда“ кон било која група на луѓе.  

Затоа Green го осудија на Нижиот суд и го испратија во затвор. Во неговата жалба до Врховниот суд (шв: “Högsta Domstolen" или "HD") пасторот Green јасно ги изразува своите уверувања и причини за својата проповед вака:

"Позадина на се она што го проживеав во мојот дух е тоа што го доживеав уште во 2002. година. Длабок немир во мојата душа кога разбрав – на тоа укажав во мојата проповед – дека многу работи што ги забележувам и гледам околу мене се вртат околу хомосексуалниот начин на живот. Тоа беше присутно на секаде. Беше на ТВ, беше на секаде околу мене и медиумите изгледа во се алудираа на хомосексуалниот начин на живеење. Тогаш почувстував голема тага во моето срце. Што повеќе се вкоренуваше тоа во нашето општество, толку повеќе размислував за тоа дека нашите водачи на црквите, водачите на деноминациите, бискупите итн., би требале јавно да истапат и да објават дека тоа не е нормално. Таквиот начин на живеење е абнормален. Но, тоа не се случи во тек на 2002. година. Во почетокот на 2003. година почнав да ја припремам проповедта што ја и проповедад на 20. јули 2003. Поврзано со тоа почувствував нешто многу важно. Тука сакам да се повикам на текст од Библијата, што се наоѓа во книгата на пророкот Езекиел 3:17-19:

'Сине Човечки, Јас те поставив за стражар над домот Израелов, и ти ќе го слушаш словото од устата Моја, и ќе ги опоменуваш во Мое име. Кога ќе му речам на беззаконикот: ’бездруго ќе умреш!’, а ти не го опоменеш и не зборуваш, за да го одвратиш беззаконикот од неговиот грешен пат, за да биде жив, - тогаш тој беззаконик ќе умре во беззаконието свое, но крвта негова Јас ќе ја барам од рацете твои. А, ако го опоменеш беззаконикот и тој не се откаже од беззаконието свое и од грешниот свој пат, беззаконикот ќе умре во беззаконието свое, а ти ќе си ја спасиш душата своја.'

Oна што сакам да го кажам со ова е дека јас имав одговорност како слуга на Зборот Божји и дека тоа не можам да го оставам на одговорноста на водачите на деноминацијата и на надбискупите, туку дека и јас имам одговорност според Писмото да ја исчистам според својата совест и да им дадам до знаeње на луѓето дека начинот на кој живеат е погрешен. Тогаш им изјавив дека ако го следат Христос и ако се покаат нема да бидат осудени. Тогаш ги оставам луѓето да одлучат дали ќе продолжат со својот хомосексуален начин на живот или ќе се одвратат од тоа. Значи, тоа е позадин на мојата проповед. Уште од почетокот на 2003. почнав да се припремам за таа проповед.
(
Крај на изјавата на пастор Green пред Врховниот суд.)

Потполниот текст на проповедта на пaстор Green и детални информации за позадината, вклучувајќи ги и законсите точки од судењето се наоѓаат тука(Green’s detail sermon and background info) Треба да се има во предвид дека пастор Green е пастор што служи со години воПентекостниот покрет”.

Како што е веќе кажано, реакцијата на водачите на „Пентекосталниот покрет“ беше многу поразлична од водачот на „Слово на животот“ на проповедта на Green.

4. Пентекостална деноминација
На 13. јуни 2004., за само два дена пред судењето на Green на Долниот суд, водачот на најголемата црква во Пентекостална деноминација (пастор Hedin “Црква Filadelfia” во Стокхолм, Шведска) дал интервју во шведските дневни новини, Svenska Dagbladet. Hedin го кажал следното [уп.45]: “Воопште не е во ред како Green и говорел за таа група луѓе и не верувам дека може да го потврди она што го рекол. Она што го кажал тоа не го потврдува Пентекосталната деноминација и јас лично приговарам.

Значи, според Hedin, Green “не би можел да го потврди она што го реколиако неговата проповед беше пребогата со цитати од Библијата. (Кликли тука за комплетен препис од проповедта на Green од 20. јули, 2003.)

Повторно, два дена покасно (на денот на судењето на Green) Hedin дал слична изјава во интервјуто во неговиот дневен весник (Dagen) (уп.46). Замислете си колку Нedin им ја олеснал работата на политички коректните и на поставените поротници (наречени “nämndemän”) – најчесто полна амбиција на политичката кариера кога го осудија Green на месец дена затворска казна на 29. јуни, 2004. Се ограничиле на месец дена, бидејќи ова било прво судење на Green и немал криминална историја.

Åke Green – кој верно служел во Пентекостална деноминација 33 годиниизјавил "почувствував како мојот колега да ми забодел нож во грбот".

По некое време, пасторот Green примил присмо од братотод црквата Filadelfia во Стокхолм, каде што служи пасторот Hedin. Тој кажал дека тој самиот е хомосексуалец и дека тој и неговиот партнер се чувствувале како дома во црквата на пасторот Hedin. Дури и додал дека „зборува во јазици како и сите останати”. A младинскиот водач на „Христијнската“ КД партија (што е основана од Пентекосталниот водач Lewi Pethrus) е младиот човек Eric Slottner, кој што јавно се декларира како хомосексуалец, изјавил дека Åke Green заслужува казна затвор против својата проповед.

Многуима ќе кажат дека ова е јасен доказ дека нешто недостасува во поуките од проповедалната. Тие тврдат дека Божјиот карактер не се променил уште од времето на создавањето. Вистина е дека Бог има посебен однос со „својот народ“, Израелците, во Стариот Завет и дека има закони што се однесувале на Евреите, но не и на Христовите следбеници. Но, карактерот Божји не се променил. Оној кој од вечност до вечност и вчера и денес и довека е ист, тогаш како би можел наеднаш да направи пресврт од 180 степени? Како би можел Тој што еднаш рекол (Лев. 18:22-25): "Не легнувај со маж како со жена: тоа е одвратност. И со ниедно четвороножно животно не легнувај " не може денеска наеднаш тоа да го прифати како нормално! Ако Тој се згрозил над сексуалните гревови на хомосексуалността и бестиалността – дури до тој степен да барал смртна казна – тогаш, како би можел наеднаш тоа да го прифати? Дури и самиот Исус ги споредил гревовите на Содома со најстрашните гревови. Конечно мора да бидеме фер према пасторот Hedin и треба да земеме во предвид дека тој самиот за разлика од некои други водачи на деноминациите – јавно изјавил дека верува дека хомосексуалните дела се грешни.

Најнов развој на случајот е дека пасторот Hedin дал отказ на местото пастор на најголемата црква во Пентекосталната деноминација (Црквата Filadelfia во Стокхолм). На 22. ноември 2006. на негово место е поставен пасторот Niklas Piensoho, кој потекнува од SMF деноминацијата (види погоре). Во последно време деноминацијата се мачи со финансиската состојба. Веројатно заради тоа што им се смалува бројот на верници, а исто така недостасува пожртвуваното давање кај останатите членови.

5. Слово на животот
Од друга страна, водачот на «Слово на животот» (пасторот Ulf Ekman) на 02. август, 2004. во насловот на дневниот весник на својата деноминација «Светот денес» ("Världen Idag") (уп.47) изјавил: “Åke Green тука го подржуваат 5500 луѓе”. Во артиклот помеѓу останатото напишал (отсечок): ’Бог нека го благослови Åke Green’, кажал Ulf Ekman и целата заедница станала на нозе спонтано аплаудирајќи. Ekman продолжил: ‘Срамота е за христијанството во Шведска тоа што ниту еден единствен водач на таа деноминација не му изразил поддршка на Åke Green’.” 

Подеднакво како и реакцијата на горенаведената помеѓу “Dagen” и “Världen Idag”, исто така ме изненади тоа што:
1. “Dagen”
беше меѓу оние 14 локални дневни весници (од вкупно 42) што одбија да го штампаат мојот оглас за оваа веб-страна кога прв пат ја претставив (на шведски) во летото на 2006. година. Dagen и понатаму го читаат најголемиот дел од христијаните во нашата земја.
И тоа дека
2. “Världen idag”
беше меѓу оние 28 (од вкупно 42) локлани дневни весници што го прифија издавањето на мојот оглас кога прв пат им ја претставив оваа веб/страна во летото на 2006. 

Доктринални работи
Но, која е библиската доктрина (учење) во врска со хомосексуалноста, можеби се прашува некој? Како деноминациите на „слободните цркви“ се однесуваат кон тоа

Старата лажна Шведска државна црква – која денеска се вика „Шведска црква“ после номиналното одвојување од државата – прва ја вовела новата доктрина на оваа тема. Останатите деноминации го следеа тој пример. Во неодамнешното издание на Пентекостниот весник за млади луѓе “Gyro” (што го издава издавачката група од црквата Filadelfia) претставена е новата доктрина на темата хомосексуалност (уп.48)

Во тоа издание на “Gyro” дадени се две различни „толкувања“ од Библијата без никакви упатства до младите читатели за тоа кое толкување е исправно. Под насловот Хомо - OK или не?” дадени се две толкувања одвоени едно од друго со поднасловите „За“ и „Против“. Колумната „Против“ го дава традиционалното и библиското верување за тоа. Колумната „За“ го дава новото толкување што е следното (уп.49):
K
ога Павле пишува за „неприродно“ во Римјаните 1:26-27 и блудството во 1 Кор. 6:9-10, се смета дека тој зборува за состојбата што преовладува во која постарите мажи сексуално ги злоупотребуваат младите момци. Затоа овие текстови не се релевантни за состојбата во која имаме воспоставени хомосексуални односи.

Во артикалот издаден во “Gyro” нема назначено забелешка за младите читатели кое од овие две толкувања е библиско. Како би можело нешто кое Бог, Исус и апостолите го означиле како грозно и нечисто наеднаш да биде облечено во нешто што и одговара на библиската наука? Над тоа умот се згрозува. Самиот Господ Исус ја споредил содомијата со најлошите гревови (Матеј 11:24).

Во истото издание на “Gyro” наоѓаме неколку артикли што ја „шминкаат“ хомосексуалноста како нешто сосем нормално и прифатливо за христијаните. Еден артикал зборува за “Stefan” 18. годишник, што за себе изјавува дека е хомосексуалец и дека „Бог искрено му помогнал“ во тоа (уп. 50). На бедното момче му треба советување, а не јавно интервју од страна на неодговорен и закоравен новинар кој бара сензационална вест и во тој процес поставува незрела стигма над момчето. Бидејќи “Gyro” е наводно христијански весник, ако веќе мораат да го објават младиот христијански живот на Стефан, тогаш за милиот Бог (и навистина мислам за милиот Бог”) зошто не ги охрабруваат младите читатели итно да се молат за Стефановото избавување. Ако не, реално е да се очекува дека Стефан ќе биде охрабрен да го практикува она што е напишано во „Аналниот прирачник“ на веб-страната на RFSL (уп. 13). Oна што го очекува таму не е толку романтична ниту здрава слика што овој весник се обидува да им ја претстави на младите читатели. Хомосексуалниот начин на живеење типично напредува во девијантните однесувања.

Еден од нашите главни и меѓународно признаени авторитети за егзегеза на Новиот Завет е професорот Chrys Caragounis. Кога ја издаде својата најнова книга "Homoerotik", што е издадена од XPMedia (уп. 51), го отфрлил новото толкување на традиционалното библиско учење за хомосексуалноста, што го предлагаат K.G. Hammar и “Gyro”. Заради тоа хомолобито на Универзитетот му упатило остра критика и барале тој да ја напушти својата позиција како професор на Lund Универзитетот

Како што е веќе кажано од порано, новото токлување се појавило во „Шведската црква“ која околу 1000 години била „Шведска државна црква“ (“Svenska Statskyrkan”). Денес, Шведската црква ја водат луѓе што се наклонети кон хомо-светогледот. Секако, хомосексуалноста не е прифатена од целото свештенство, но е прифатена од мнозинството. Ракополагањето (ординација) на хомосексуалните свештеници, „искажување благослов“ над хомосексуалните односи, прифаќање на полноправни хомосексуални бракови итн., се случува на многу места во Шведската црква. Нашиот отпадник надбискупот K.G. Hammar го припремил теренот за оваа грозна состојба и спиралното паѓање на моралот. Додаток на неговото прифаќање на хомосексуалната агенда е одрекнувањето на силата на чудата на Исус Христос. Помеѓу неговите типични изјави е и она од неодамна изречена во врска со безгрешното раѓање на Исус Христот (уп. 52):
Не можам да кажам дека верувам во тоа. Важно е што тоа значи. Дали мора девственото раѓање навистина да значи заобиколување на биолошкиот принцип? Јас тоа го сваќам како теолошка изјава, која заборува дека Исус е некако посебен. Не е тој единствен за кој историјата вели дека е роден од девица
Незамисливата е ваквата изјава што ја дава Hammar, кој понекогаш заедно со својата црква мора да прочита од Лутеранската изјава на верата: “Верувам во Исус Христос, Божјиот единороден син, нашиот Господин, кој е роден од девица Марија ”. Како може ова да ја издржи интелектуалната искреност? Не е ни чудо дека надбискупот Hammar изјавил дека некои текстови од Библијата би требало да завршат на историското ѓубриште”.

Hammar-oвата сестра (Anna Karin Hammar) е ракоположена (ординирана) лезбејка швештеник во Лутеранската црква во Uppsala. Во вркса со нејзината сексуална ориентација изјавила:
Што се однесува до мене можам да живеам како лезбејка токму заради тоа што сум доживеала огромен Божји благослов кој може да ги надмине предрасудите и дискриминацијата (Uppsala Nya Tidning, 17. ноември, 2004.).

Евангелска домашна фондација (шведски: “Evangeliska Fosterlands Stiftelsen” или EFS) е движење на лаиците внатре во Шведската (лутеранска) црква што ја нагласуваат мисиската работа и активностите на лаиците. EFS е вклучен во мисиската работа во Етиопија веќе подолго време. Во 1959. година неколку мусиски организации од повеќе земји, кои работеле заедно во Етиопија, основале покрет Етиопска Евангелска Црква Mekane Isus (Ethiopian Evangelical Church Mekane Yesus (EECMY)). Значи имаме долгогодишен однос со EECMY, кој спектакуларно расте од неговото оснивање и денес брои 5 милиони чланови (вкупниот број жители на Етиопија е околу 78 милиони). Заради тоа, а и заради останатите активности, на поранешната и постојаната мисионерска работа во Етиопија, што ја вршат Шведски организации, вклучувајќи ја и EFS, нормално е дека најголем дел од помошта за другите земји од Шведска е отидена за Етиопија.

Следното лето Mekane Isus ќе одржи голема конференција во Addis Abeba. Шведска црква, вклучувајќи ги и членовите на EFS, планираа да испратат делегација заедно со надбискупот, што требало да ја води оваа група. Но, претседателот на Mekane Isus му испратил две писма во јануари на надбискупот барајќи објаснување за тоа каков е ставот на Шведската црква во врска со хомосексуалните бракови и „доделување благослов“ на заедничиот живот на партнерите или браковите. [Во неодамнештното истражување над 70 активни свештеници во Шведската црква, 75% од нив немале никакви проблеми да благословат брак на хомосексуалци.]

На двете писма Mekane Isus не добил одговор од Шведската црква. Неодамна Mekane Isus и јавиле на Шведската црква дека не е добредојдена на конференцијата оваа лето. (уп.53). Не е потребно да се каже дека многу свештеници и лаици во Шведската црква биле разочарани кога го чуле ова. Наместо возбудливото патување во Етиопија, сега мора да останат дома и да размислуваат за последиците на својата нова религија. Иронијата на сето ова е тоа што водачите на Шведската (лутеранска) црква се сметаат за „понапредни“ од Mekane Isus, затоа што имаат подолга црквена историја. Сигурно веруваат дека еден ден во иднина младата црква, на која тие еднаш и помогнаа во оснивање, постепено “ќе напредува“ кон полното прифаќање на гревот на хомосексуалноста. Како што е напишано: “Тврдејќи дека се мудри, тие обезумија …” (Рим. 1:22-32).  

Изгледа како новата религија да завладеа со нашата земја. Сето ова прифаќање на агендата на хомолобито е потпомогнато со исмејување на она што Исус учи за пеколот. Тешко дека денес од проповедалната ќе чуете порака за било што што самиот Исус поучуваше.

Пред да замине, Исус им рече на своите ученици за Духот Свети (Јован 16:8-11): “A Тој, кога ќе дојде ќе го изобличи светот за грев, и за правда, и за суд: за грев – дека не веруваат во мене; за правда – оти Јас си одам кај Својот Отец, и веќе да Ме видите; а за суд – зашто кнезот на овој свет е осуден.”  

Тоа е планот што треба да го исполни Духот Свети. Но, денес во нашата земја тешко да се чуе некој како проповеда за вечната осуда. Таквите проповеди во христијанската историја ги потикнувале грешниците на каење и на приближување кон крстот. Наместо Исус да го подигне ужасниот терет на гревот, денес матра е „пријателска евангелизација“. „Дјди и припој се на нашата црква, бидејќи тоа е здраво за тебе и за твоите деца, како би добиле доза на религија и етика!“ Денес во нашата земја многу христијани не веруваат во реалноста на пеколот. Мислат дека Исус се шалел додека зборувал за пеколот, или дека ги плашел луѓето како би постанале негови ученити и да го следат.

Наместо тоа, сакаат светска слава, обиколена со грев, што е поважна од Христовиот мандат. Затоа, воопшто не изненадува тоа што Пентекосталната деноминација постојано го опипува јавното мислење во врска со својата популарност во нашето општество. Последен пат се жалеа дека популарноста им опадната и затоа голем дел од вината ја свалија наслучајот Åke Green”. Очигледно глуви на самите зборови на Учителот (Лука 6:26): “Тешко вам кога ќе почнат сите луѓе да зборуваат добро за вас. Затшо и нивните татковци така им правеа на лажните пророци.” (Maтеј 5:11, 12): “Блажени сте вие, кога ќе ве срамат и прогонуваат и кога лажно ќе говорат против вас секакви лоши зборови – заради мене! Радувајте се и веселете се, зашто голема е вашата награда на небесата! (Лука 6:22,23): “Блажени ќе бидете кога ќе ве намразат луѓето и ќе ве отфрлат и ќе ви нанесат срам и ќе го разгласат името вашо како лошо, заради Синот Човечки! Зарадувајте се во оној ден и заиграјте од радост, зашто голема е наградата ваша на небото”.

Или Исус или Пентекосталната деноминација нешто погрешно сватиле. Неможе и едниот и другите да бидат во право. Тогаш воопште не треба да се чудиме кога нашите млади луѓе (кои се искушувани или веќе фатени во јаремот на хомосексуалноста) неможат да добијат јасни упатства од некои таканаречени „евангелски деноминации“. Вие сте солта на земјата. Но, ако солта го изгуби вкусот, со што ќе се соли? Таа веќе не е за ништо, освен да се фрли надвор и изгази од луѓето.“ (Maтеј 5:13).


Сумаризација на реакциите на христијанските групи во Шведкса
Врз основа на гореизложените дискусии (со некои очигледни генерализации) реакцијата на христијаните во Шведска на уништувачкиот налет на хомосексуалноста може да се подели во три различни групи:
1. O
тпадничка црква. Тоа е официјалната Шведска црква (шведски: "Svenska Kyrkan") каде во суштина постои потполно прифаќање на хомосексуалноста. Многу свештеници отворено изјавуваат дека се хомосексуалци и огромно мнозинство (повеќе од две третини) во неодамнешното истражување изјавија дека немаат проблеми со благословување на хомосексуалната заедница. Понатаму, надбискупот K.G. Hammar изјавил дека многу клучни лутерански верувања му припаѓаат наисториското ѓубриште” (шведски: "sophågen").

2.
Деноминациите на слободните цркви (шведски "Frikyrkan"). Степенот на прифаќање на хомосексуалноста значајно варира. На пример, SMF (што е водена од пасторот Кrister Andersson) јавно ги отворила своите врати и ги прифатила хомосексуалните пастори (се додека ги прифаќа локалната заедница). Пентекосталниот покрет (шведски "Pingst FFS") сеуште не прифаќа хомосексуалните пастори во своите редови. Сепак, нивниот водач (пастор Sten-Gunnar Hedin) остро ја отфрлил пораката на пасторот Åke Green и понатаму го напаѓа заради неговата проповед. Весникот "Dagen" искажува се поголеми симпатии кон хомо-светогледот. Многу деноминации во оваа група зависат од редовните финансиски донации од Шведската влада, кои влечат силни конци за да ги повикат хомосексуалците во своите редови. Бидејќи на некои од нив (те. "Pingst FFS") финансиската состојба им станува полоша, ќе биде се потешко неусвојувањето на таквите владини молби.

3. 
Црквата наречена „Слово на животот” (шведски "Livets Ord") што ја води пасторот Ulf Ekman. Оваа група делува независно од финансиската помош од владата. Ulf Ekman после проповедта на Åke Green за хомосексуалноста изјавил: “Åke Green тука е подржуван од 5500 луѓеи Бог нека го благослови Åke Green” и целата заедница станала на нозе спонтано аплаудирајќи. Ekman продолжил: ‘Срамота е за христијанството во Шведска дека ниту еден единствен водач од таа деноминација не му изразил подршка на Åke Green’.” 

Шведската црква (отпадничката црква) била дек од Шведската државна црква (шведски "Statskyrkan"), но пред неколку години се одвоила од владата. Со тоа финансиите и имотот постанал дел од нивното сегашно богатство. Затоа за очекување е дека „ќе делуваат“ подолго од било која слободна црква како што нашата земја постанува постанува се посветовно и посодомизирана.


Значи, каде се ова ги води жртвите на хомосексуалниот начин на живеење?
Сетете се, многу хомосексуални жртви се сексуално злоупотребувани и трауматизирани, уште како мали деца. Сексуално злоупотребуваните момчиња имаат 7 пати повеќе шанси да се поситоветат со хомосексуалец или бисексуалец отколку што тоа го има неговиот врсник, кој што не бил злоставуван сексуално.  

Сакам да заклучам со цитат од книгата на Kupelian: “The Marketing of Evil; How Radical, Elitist, and Pseudo-Experts Sell Us Corruption Disguised as Freedom”. Kupelian напишал на 35. страна (во заграда е мој нагласок):

Хомосексуалните активисти го сметаат својот случај еднаков на оној што го имале црнците и покретот за граѓански права во 60. година. Да се биде со афричко потекло не значи дека личноста мора да избега од својата свесност за тоа и од авторот на таа свесност - Бог.

Но, баш заради таа разлика тоа што „покретот за граѓански права“ (во својата основа) не се занимава со менување на законот како хомосексуалците би имале еднакви права за напредување или пристап како што тоа бил случај со црнечкиот порект во 60. години. Хомосексуалците веќе живеат слободно и (освен што поединци имаат проблем со педофилијата) можат да живеат, работат, и да се играат каде ќе посакаат. Всушност, како група, хомосексуалците примаат поголеми плати во просек отколку просечен Американец. (Тие во основа имаа многу повеќе слободно време и продлабочени политични активности, бидејќи во поголем дел случаеви не морат да се грижат за тошоците за животот ниту мораат да посветуваат време на воспитување на деца).

Значи, не се работи само за правата. Се работи за редефинирање на вистината и цензурирање на каква и да е критика како милитантните хомосексуалци би можеле удобно да уживаат во својот „начин на живот“ без да ги бознемирува вистината.

Запамтете, сите ние – вклучувајќи ги и хомосексуалците – имаме совест (тој од Бог даден стандард што Бог го всадил во секој од нас) што го поттикнува внатрешниот конфликт кога правима нешто погрешно. Но, ако паднеме во стапица на темните сили и не почнеме да ја браниме својата опсесија и порив, неизбежно ќе размислуваме за нашата совест како за непријател. Иако можеби до некаде успешно ќе го давиме под вода внатрешното звоно на предупредување, што се случува кога овој ист фактор на отфрлена совест ќе се појави кај друга личност и премногу ни се приближи како и нас би не утешил? Се чувствуваме загрозени.  

Затоа, чуствуваме потреба да го сутвнеме „гласот на совеста“ – не само оној внатре во нас, туку и оној кај другите луѓе, што сака да ја оживее нашата совест со која ние војуваме. Тоа значи дека не поднесуваме разидувања. Едноставно не можеме да го поднесеме тоа. Едноставно сакаме да викаме на цел глас.  

Хомосексуалец, кој живее живот на негирање, па дури и кога му е понудена помош од некој некогашен хомосексуалец кој постанал христијанин, или од советник што му нуди терапија – помош за надминување на хомосексуалната зависност – чувствува најостра, зла омраза. Всушност, тоа е вистинска љубов – која што ние погрешно ја толкуваме како омраза или „заостанатост“, едноставно затоа што не поттикнува да се соочиме со вистината на која не и искажуваме добредојде.”